Продолжува кампањата на СВР Куманово и учениците за побезбеден сообраќај (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кампањата „Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово“ продолжи и денеска, а во рамките на истата ученици од основните училишта, на прописно и непрописно паркирани возачи им поделија флаери со кои ги оценуваа нивните постапки.

Loading...

Воедно децата со помош на Отсекот за превенција при СВР Куманово направи и анкета помеѓу возачите, информираше денеска раководителот Виолета Богдановска.

– Дечињата ќе имаат можност на возачите да им направат анкета, односно сакаме да направиме согледување на неколку прашања, односно дали некогаш воопшто поминале на црвено светло, колку го користат појасот во автомобилот, дали зборуваат или пишуваат пораки на мобилен додека возат, дали возат брзо и дали на пешаците им даваат предност во сообраќајот. Со тоа сакаме да направиме едно согледување и се надеваме дека одговорите ќе бидат искрени, колку тие работи се практикуваат, односно не се практикуваат во град Куманово и со тоа да им се упати порака на сите учесници во сообраќајот дека сите овие правила и прописи треба да се почитуваат особено пред и околу училиштата каде дечињата најчесто се движат, изјави Богданвоска.

Целта на ваквите кампањи и акции на кумановската полиција е подигање на јавната свест за почитување на правилата и сообраќајната култура кај возачите, поради зголемена безбедност на сите.

Во кампањата се вклучи и Општина Куманово, а како што рече сообраќајниот инжинер Бојан Петковски, со цел спроведување на законски регулативи и норми при движење на возачите и пешаците.

– Денеска заедно со дечињата од основните училишта, членови на нашите училишни и сообраќајни единици, правиме анкета на нашите граѓани во однос на безбедноста во сообраќајот и спроведувањето на законските регулативи и норми во самиот сообраќај при движење на возачите и пешаците во сообраќајот, изјави Петковски.

Loading...

Во рамките на кампањата утревечер ќе се спроведе алко-патрола каде на гостите во угостителски објекти ќе им се мери алкохол и оние кои не употребувале алкохол ќе добијат зелен картон дека имаат право и одговорност да возат, додека оние кои се под дејство на алкохол ќе добијат црвен картон што значи дека ќе треба да ги вози некој друг или да патуваат со такси.

Кампањата завршува во понеделник кога преостанетите флаери ќе се постават на јавни места каде има поголема концентрација на луѓе.

Leave a Reply