Продолжува изградбата на спортската сала во близина на „Наце Буѓони“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Продолжува изградбата на спортската сала во средното кумановско техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Градоначалникот  Максим Димитриевски на социјалните мрежи објави дека почна поставувањето на санитарни јазли, греење, атмосферски и фекален одвод, подготвителни работи за поставување на под во салата.

Loading...

Изградбата на спортската сала е инвестиција на Владата која се реализира преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово.

Според најавите, до крајот на ова учебна година, се очекува учениците од средното училиште да ја користат салата во чија близна се наоѓа и атлетското игралиште. Приближно 2.000 ученици од паралелките кои следат настава на македонски и албански наставен јазик од  ова средно училиште, првпат по шест децении. ќе добијат спортска сала.

Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба  две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала  во основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкезe.

Loading...

МИА


Leave a Reply