Продолжува исплатата на неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука информира дека паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци, продолжуваат етпно да се исплаќаат и во текот на оваа работна недела.

Loading...

Средствата не беа исплатени од претходното раководство. Иако поддршката беше ветена, исплатата се реализираше само за еден месец или за два месеци и тоа на мал број апликанти. Тоа е потврда за негрижата кон граѓаните од страна на претходната Влада.

Преостанатиот износ се исплаќа и очекуваме  процесот целосно да биде заокружен во текот на следниот месец. Ги замолуваме граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи секој што ги исполнил условите, ќе ги добие предвидените средства. Минатата недела се реализираа исплати на финансиска поддршка за месеците февруари и март за околу 13 илјади ученици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвараат сомнителни линкови

Истовремено, сакаме да потенцираме дека со доаѓањето на новата Влада, младите ќе бидат во фокусот на политиките, а квалитетот на образованието и можностите за реализација на личниот потенцијал во границите на својата земја, плански и континуирано ќе се зголемуваат.  Наместо периодични и краткорочни решенија, плнирани се системски и долготрајни квалитетни мерки за поддршка на учениците, студентите и нивните семејства.

Министерство за образование и наука