Продавале „бесни“ коли и давале плати во просек од 53.500 денари

Сподели со своите пријатели

Во 5 фирми од трговијата со возила платите се далеку над просек.

Loading...

Самата трговија со автомобили асоцира на луксуз, а добрата вест е што во овие компании, каде што се вртат огромни профити, и вработените заработуваат добро.

Иако е криза, како што пишуваше порталот Пари, вработените кои се занимаваат со извоз и продажба на автомобили имале доста работа. Многу граѓани купиле нов автомобил, а со најмногу продажба може да се пофали Порше Македонија.

Државниот завод за статистика пресметува просечни плати за вработените во Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли, и статистичарите пресметале дека во оваа дејност во 2021 година просекот бил 29.904 денари. Но, најдарежливите компании во трговијата со возила давале плата над 50.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Највисоки плати, над 58.000 денари, земале вработените во Миркат, застапникот на Сузуки, по што следуваат Порше Македонија и М Кар. Највисок скок на платите имало кај Авто Трејд, која во 2020 година во просек ја исплаќала минималната плата, односно нешто под 14.000 денари, а веќе следната, 2021 година, има скок на платите од 272 %. Според податоците на Пари, минатата година месечната плата на ТОП петте компании по плати во просек им изнесувала околу 53.500 денари.

ТОП 5 ЗАСТАПНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ ПО ПЛАТИ

 

Најголем работодавач е Порше Македонија, каде работат над 100 вработени, по што следуваат Еуроимпекс и Мак Автостар со по 90, односно 79 вработени.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

ТОП 5 ЗАСТАПНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ ПО ВРАБОТЕНИ

 

Во претставништвата за продажба на автомобили: Порше, Еуроимпекс, Мак автостар, Автомобиле СК и Автомотив има 375 вработени. Тоа се компаниите од секторот со трговија на возила кои и поединечно вработуваат најмногу вработени во оваа дејност. Од податоците се гледа дека од петте компании со најголем број на работници, само две влегуваат во ТОП 5 компании со најголеми плати во овој сектор – Порше и Мак автостар.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/prodavale-besni-koli-i-davale-plati-vo-prosek-od-53500-denari/