Кинеската полиција разбила криминална банка која продавала користени и лажни кондоми. Во три провинции (Хенан, Хебеј и Џеџанг) во источниот дел од земјата приведени се 17 лица.
Полицијата запленила дури 500.000 лажни и користени кондоми на еден светски произведувач.
Се верува дека бандата на продажбата од овие кондоми заработила дури 7 милиони долари. Нивни купувачи биле хотели и ресторани.
– Пронајдовме и работилници во руралните делови на Хенан и Хебеј каде овие кондоми се пакувани во фалсификувани кутии кои изгледаат како вистински. Се занимавале со рециклирање и поради тоа нивните кондоми преставуваат ризик за јавното здравје – рекол Џенг Сјидан, локален шеф на полицијата во градот Цангнан за „Саут Чајна морнин пост“.
Loading...
Како што додава хигиената во работилниците биле многу лоша.
– Запленивме и кондоми кои самите ги правеле. Тие мешале кондоми со силиконско масло во кофи, додава Џенг.
Интересно е што целата измама е откриена дури по дојава на локален бизнисмен кој исто така се занимава со продажба на кондоми. Тој, имено, се жалел дека приведените имаат нереално ниски цени. Утврдено е дека рециклираните кондоми содржеле габи, дека некои се крпени, додека други имаат дупки. И покрај тоа, бандата ги продавала на големо за 14 центи по кутија иако вистинската цена во продавниците им е 22 долари.
Лажните и рециклирани кондоми се глобален проблем. Американците цариници минатиот март во Порторико заплениле 40.000 лажни кондоми од Кина. Тие неодамна се откриени и во Гана.