Продава бизарна чанта: Изработена од ‘рбет на дете и јазик од алигатор

Сподели со своите пријатели

Индонезискиот дизајнер и Инстаграм ѕвезда Арнолд Путра на својата страница објави дека продава торба направена од алигаторски јазик и човечки ‘рбет, за која, наводно, бил медицински вишок во Канада.

Loading...

Модниот додаток ја вознемири јавноста и ги охрабри новинарите на „Инсајдер“ да го доведат во прашање потеклото на оваа морбидна чанта.

Бизарно откритие на археолозите: Деца погребани со кациги направени од черепи на други деца

Чантата е уникатно парче и чини 5000 долари. Тоа е торба во форма на корпа со рачка што личи на ‘рбетот.

Експертите за „Инсајдер“ изјавиле дека се убедени дека станува збор за вистински ‘рбет, пренесува Индекс.

Путра е познат по својот екстравагантен начин на живот, исполнет со луксузни егзотични патувања и висока мода. Пред три години, Татлер во Индонезија го прогласи за еден од „најголемите колекционери на автомобили во Индонезија“.

Бизарно откритие на научниците: Телата на мртовците се поместуваат година дена од смртта

Тој објавува фотографии со познати личности на својот приватен профил на Инстаграм, а во протифлот @byarnoldputra детално ја опишива својата модна линија.

Loading...

Меѓу фотографиите на тој профил е и фотографијата од чантата од ‘рбетот.

„Направена е целосно од детски ‘рбет со остеопороза“, стои во описот на торбата.

НЕВЕРОЈАТНО БИЗАРНО: Ритуал за докажување на невиноста (ВИДЕО)

Иако новинарите му испратија повеќекратни прашања, Путра не одговори дали ‘рбетот навистина му припаѓал на дете, пренесува Индекс.

https://www.instagram.com/p/B8sOP6sgr3_/?utm_source=ig_embed

Двјца детски остеопати се согласија дека ‘рбетот е реален, но тие не биле сигурни дали е детски. Путра одби да им ги покаже документите кои откриваат каде го добил ‘рбетот.

Трговијата со коски од луѓе е легална во неколку држави на САД, според National Geographic и во Канада.

Leave a Reply