Продале се што имале и децата ги однеле на пат околу светот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кети Скелтон (38) и сопругот Пол (42) откриле дека им е доста да ги прават работите што другите ги очекуваат од нив и дека сакаат да им дадат на своите деца нешто што никогаш не го имале и го сметаат за единствена можност во животот.

Loading...

И покрај фактот дека постигнале успех во кариерата, но и во семејството, Кејти Скелтон (38) и нејзиниот сопруг Пол (42) донеле одлука со која драстично им се смениле животот и ја шокирале околината.

Имено, овие родители на две деца решиле да продадат се што имаат и да ги потрошат тие пари на уникатно патување низ светот, пренесува The Sun.

 

 

 

Пред две години оваа двојка излегла со идеја да оди на пат со децата, тие сакале да им ја дадат таа можност што ја немале самите.

Loading...

– Имавме многу работи да направиме што се очекуваат од нас – да работиме 12 часа на ден и да се грижиме за децата. Сакавме нешто поразлично – рекоа тие.

За да го постигне ова, Кејти направила неплатена пауза од работата додека Пол морал да даде отказ.

Тие ја продале куќата, двата автомобили, мебел и повеќето детски играчки и облека.

Останале со душеци, постелнини, зимска облека и албуми со фотографии што им ги однеле на своите родители.

 

 

 

Loading...

– Сепак, ова беше можност еднаш во животот. Се чувствувавме големо олеснување кога ги продадовме сите работи. Амбер плачеше за некои играчки, затоа се чувствувавме малку виновни, но сега сè е во ред – вели Кејти.

Реакциите на околината на нивниот план биле поделени – некои мислеле дека го фрлаат целиот свој напор во кариерата низ ветерот, додека други биле возбудени поради тоа.

Целата ситуација го олеснувал фактот дека децата сè уште не посетуваат училиште – ќерката имала 3 години, а синот една.

– Покрај тоа, од парите добиени од продажбата на куќата, ние ставивме настрана околу 25 илјади фунти  така што сè уште ќе имаме пари кога ќе се вратиме за некои непредвидливи ситуации – рече двојката.

 

 

 

Loading...

Најубавото искуство

Тие патуваат по источниот брег на Америка, Канада, Костарика, Флорида, Хаваи, Австралија, Нов Зеланд, Маурициус и Париз. Во сите земји тие престојуваат во станови.

Тие го посетиле Дизниленд, пливале со ајкули и желки, виделе разни планини, плажи и океани…

За жал, се случиле и некои помалку убави ситуации. Откако Вилијам бил каснат од скорпија, децата биле нервозни, Пол и Кети се карале и поради коронавирусот морале да се вратат дома три месеци порано.

Без оглед на сите ситуации, тие велат дека патувањето низ светот ги зближило и ги поврзало како семејство.

 

Loading...

Leave a Reply