Проценките на Путин се остваруваат: Воените напори на Киев се во ќорсокак на три важни фронта

Сподели со своите пријатели

Аналитичарите на „Аксиос“ пишуваат дека напорите на Киев се во ќорсокак на три фронта: на фронтот, во американскиот конгрес и во главните градови на Европа.

Loading...

„Во трите најважни арени – Конгресот, европските престолнини и на бојното поле, воените напори на Украина наидоа на цела низа пречки и ќорсокак, што создава егзистенцијална криза за иднината на земјата“, се наведува во написот.

Според авторот, ветувањето на НАТО дека ќе ја поддржи Украина „колку што е потребно“ е под сериозно прашање поради конфликтот на Блискиот Исток и неможноста на американскиот Конгрес да се договори за распределба на помошта за двете земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја минимизира можноста за испраќање оружје со долг дострел во Украина

Во спорот за буџетот се и европските земји, што ја доведува во прашање финансиската помош за Киев во износ од 50 милијарди евра.

Во написот се наведува дека неспособноста на украинските сили да постигнат значителен успех на фронтот, заедно со дипломатските проблеми, имаат корист за целите на Русија.

„Се остварува оценката на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе има поголема моќ од политичката волја на Западот“, заклучуваат аналитичарите, пренесува Спутник.

Да потсетиме, западните медиуми се почесто пишуваат за тоа дека Америка и ЕУ се уморни од украинскиот конфликт и дека поддршката за режимот Зеленски слабее.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...