Проблеми во функционирањето на Нетфликс

Сподели со своите пријатели

Повеќето корисници добија информации за грешка со напис: „Error Code NSES-500“

Loading...

Корисниците на најпопуларната платформа за видео-стриминг во светот – Нетфликс, започнаа да пријавуваат проблеми во неговото функционирање попладнево.

Според страницата Даун Детектор, која ја следи работата на најважните кориснички интернет-платформи, повеќето корисници добиле информации за грешка со ознаката: „Error Code NSES-500“.

Проблемите главно ги пријавувале корисници од Европа (Романија, Унгарија, Полска, Германија, Норвешка …), како и од САД и Либан.

Нетфликс соопшти дека го истражува проблемот, додека, во меѓувреме, корисниците почнаа да пријавуваат дека услугата започнала повторно да се воспоставува.

Leave a Reply