Признание за општина Куманово како најуспешна во обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца

Сподели со своите пријатели

Oпштина Куманово доби признание како најуспешна во обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца.

Loading...

Вчера се одржа Јавна дебата на тема „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“, како дел од проектот „Инклузија на деца со ПОП”.

 

 

Носител на овој проект е Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците” – Скопје, со поддршка на Детската фондација „Песталоци”.

Дел од дебатата беа претставници од општините Куманово, Тетово и Штип со институции од областа на образование, социјална заштита, организации и сервисни служби.

Loading...

 

По запознавање со целите на дебата, присутните дискутираа за предизвиците и иницијативите за креирање инклузивни практики и можности за секое дете.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени пет малолетници кои натепале врсници во Куманово

Беа споделени значајни искуства, идеи и предизвици, кои ќе пример за понатамошни проектни активности.

 

 

Пред присутните се обрати претседателката на Совет на општина Куманово, која ја истакна денешната можност за размена на идеи, како соодветна помош во заедничките напори за подобрување на образовните можности за сите ученици.

 

Loading...

 

Општина Куманово доби Признание за најуспешна Општина во спроведување инклузија, кое ја истакнува посветеноста во обезбедување на еднаков пристап до образование за сите деца, создавајќи инклузивна средина во која секое дете може да учи.