Привршува реновирањето на третиот кат од Здравствен дом Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во последните три месеци активно се работи на реновирање на административниот дел од третиот кат на Здравствениот дом Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”254″]

Заменет е подот на третиот кат на објектот, а извршено е варосување на сите простории, како и префарбување на радијаторите.

Подот беше стар преку 45 години од паркет кој што беше стар и кој имаше многу инсекти и од таа причина решивме да го реновираме. Направено е отстранување на паркетот, потоа удирање на кошулица и на крај лепење на пластифициран под. Исто така во завршната фаза ќе бидат сменети и керамичките плочки – вели др. Миодраг Панковски, директор на Здравствен дом – Куманово.

Средствата издвоени за овој проект изнесуваат 470.000 денари и истите се обезбедени од буџетот на Здравствениот дом – Куманово.

Директорот д-р. Панковски најави можност по завршвуањето на овој проект да се направат напори за ново реновирање и во 2016 година.

Од следниот буџет планирано е нешто да направиме со фасадата која исто така е стара, но сме во исчекување на јапонска донација од Владата на Јапонија за донација на ПВЦ прозори и врати. Доколку таа донација се оствари, ќе го изведеме и тој проект, доколку не, ќе гледаме со наши средства што може да реновираме и во идната година – додаде директорот на Здравествениот дом.

Оваа реновирање се очекува да ги подобри здравствените услуги за граѓаните на Куманово.