Приведени тројца кумановци, нападнале двајца сограѓани

Сподели со своите пријатели

Три лица од кумановско биле приведени во текот на вчерашниот ден окткако со тврд предмет нападнале двајца сограѓани.

Loading...

– На 14.03.2024 во 21.50 часот  во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.Џ.(27), Х.А.(22) и Ш.Р.(25), сите од село Черкези, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата тие се сомничат дека на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово со тврд предмет ги нападнале И.Р.(18) и Х.С., двајцата од Куманово.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението на кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КУМАНОВО: Позната излезноста до 17 часот

Никола Ивановски