Приведени тројца кумановци кои ноќва возеле пијани

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово биле приведени во текот на ноќта поради управување моторно возило под дејство на алкохол.

Loading...

Во првиот случај, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведен бил 28-годишник од селото Биљановце кој возел со 1,68 промили алкохол.

– Денеска (10.05.2025) во 01.30 часот на регионалниот пат Куманово-Св.Николе, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(28) од с.Биљановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,68 промили алкохол во крвта, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници од Куманово со тврд предмет натепале врсници

Во вториот случај приведен бил четириесет и двегодишник од Доброшане кој возел со 1,69 промили.

– Исто така, денеска (10.05.2025) во 01.55 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.К.(42) од с.Доброшане, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,69 промили алкохол во крвта, информира полицијата.

Со 1,56 промили алкохол возел дваесет и осумгогидшник од Табановце.

– Денеска (10.05.2025) околу 03 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(28) од с.Табановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со малолетници крадел од паркиран автомобил

Како што додаваат од полицијата, сите возачи биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица.

Loading...

– По целосно документирање на случаите, против овие лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски