Приведени неколку лица за злоупотреба на субвенции

Сподели со своите пријатели

Полицијата денеска спроведува акција за злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции, потврдуваат за МИА од МВР.

Приведени се неколкумина државни службеници, за кои по претходна истрага е утврдено дека ја злоупотребиле службената должност при распределба на субвенции.

Тие со полициска придружба се однесени во суд за да дадат искази.

Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денов.

Извор: МИА

Loading...