Приведени двајца кумановци поради кражба

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово вчера биле приведени под сомнение дека извршиле кражба на технички предмети од контејнери на воз.

Loading...

– На 30.11.2022 во 15.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.А.(24) и О.Ј.(30), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека извршиле кражба на Железничката станица во Куманово, при што од контејнери на воз одзеле различни технички предмети.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, додаваат од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската полиција викендов казнила над 180 возачи

Никола Ивановски