Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла прашкаста материја

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени попладнево откако полицијата во возилото им пронашла прашкаста материја.

Loading...

– На 25.01.2023 година во 15.00 часот, во село Черкези,кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(25) и Б.Б.(50) двајцата од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Како што објаснуваат од полицијата, при преглед во патничко моторно  возило “фолксваген голф”со кумановски регистарски ознаки управувано од Д.С. ,а како совозач се наоѓал Б.Б.,била пронајдена прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски