Приведени двајца кумановци, едниот крадел од чанта во такси

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци биле приведени вчеравечер откако полицијата им пронашла остри предмети, а едниот извршил и кражба во такси возило.

Loading...

– На 07.05.2023 во 23.20 часот, полициски службенци од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(29) од Куманово. Тој се сомничи дека на 13.04.2023 од чанта  во такси возило одзел  предмети. Со него бил приведен и Т.Б.(42) од Куманово бидејќи кај двајцата биле пронајдени и одземени остри предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијат,а тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и оштетил инвентар на бензинска пумпа

Никола Ивановски