Приведени двајца крадци од Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица осомничени дека украле повеќе предмети биле приведени вчера во Куманово.

Loading...

– На 04.12.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А.(24) и Р.Р.(26), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека од домот на Ш.И.(38) од Куманово одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

– По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Липково утре гласање на 36 избирачки места