Приведена кумановка која подметнала пожар во куќа

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка била приведена под сомнение дека во 2019 година подметнала пожар во куќа во Куманово.

Loading...

– На 20.02.2023 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово, по преземени мерки и активности, ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи, таа се сомничи дека во 2019 година подметнала пожар во куќа на улица „Гоце Делчев“ во Куманово.

Таа била приведена во полициска станица и во службен разговор го признала делото.

– По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски