Дваесет и шестгодишна кумановка била приведена за издржување затворска казна, откако била ставена на централна потерница.
– На 17.09.2025 во 16:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.Ш. (26) од Куманово, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Лицето, како што додаваат од полицијат,а било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Инаку член 130 од Кривичниот законик се однесува на нанесување телесна повреда.
Никола Ивановски