Приведен затвореник избеган од кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен штипјанец вчера бил приведен откако претходно избегал од кумановскиот затвор и извршил кражба.

Loading...

– На 01.09.2022 во 17.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.Н.(30) од Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“.

По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 320 ученици од Куманово учествуваа во натпревар за сообраќај

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски