Приведен угостител од Гостивар, работел и покрај забраната

Сподели со своите пријатели

Денеска (16 март) околу 13 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот гостиварец А.А., сопственик на угостителски објект во Гостивар, поради тоа што во неговиот угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“, кој бил отворен спротивно на владината одлука и препораките за справување со „корона вирусот“, неколку лица во внатрешноста на објектот користеле услуги, односно биле послужени со храна.

Loading...

А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

МВР уште еднаш апелира до граѓаните целосно и безусловно да ги почитуваат мерките и да се придржуваат на владините одлуки, препораки и совети и укажува дека секое нивно непочитување адекватно ќе биде санкционирано согласно важечката законска регулатива.

Интегрално соопштение: Министерство за внатрешни работи

Leave a Reply