Приведен српски државјанин, превезувал мигранти

Сподели со своите пријатели

На 12.10.2021 околу 11.00 часот на влез во Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(47) од Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во патничкото моторно возило „шкода суперб“ со српски национални ознаки, кое го управувал, превезувал две лица мигранти – A.J.(30) од Индија и М.M.(29) од Пакистан.

За настанот е известен јавен обвинител, а М.А. бил предаден на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ.

Лицата мигранти се сместени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.