Приведен разбојник од Куманово за доиздржување на казна затвор

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен вчеравечер во Куманово и спроведен во затвор за доиздржување на затворска казна за сторени две кривични дела.

Loading...

– На 10.01.2022 во 19.10 часот полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Куманово, го лишиле од слобода С.Б.(29) од Куманово, кој се барал за доиздржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 237 и 236 од Кривичниот законик – „разбојништво“ и „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спроведен Казнено-поправна установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Никола Ивановски