Приведен пироманот од Крива Паланка поради кој изгореа над 50 хектари шума

Сподели со своите пријатели

Пожарот во атарите на селата Габар,Осиче и Градец, на сува трева багремова и борова шума со површина од околу 50 хектари е изгаснат и завршен вчртс во 14.00 часот, но во исто време повторно се појавуваа нови пожари на нови локации – два во атарот на село Габер и два во атарот на селото Градец м.в. Петковци информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Причина за истите е подметнување и палење од страна на пироман кој е фатен и приведен од страна на полициските службеници. Пожарот е изгаснат во 17,00 часот и екипите се повлечени. Во гаснењето на истиот учествуваа со 4 противпожарни возила со 8 пожарникари, 3 возила на Шумско стопанство со 12 лица вработени, 20 лица вработени во ЈП „Комуналец“, 1 претставник од Дирекцијата за заштита и спасување – Крива Паланка и 4 Полициски службеници.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.