Приведен липковец при обид за илегален премин во Македонија

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишен жител на липковското село Гошинце вчера бил приведен откако се обидел илегално да влезе во Македонија со возило во кое имало малолетник и голема количина трговска стока.

Loading...

– На 13.09.2020 во 18.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.С.(23) од село Гошинце, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спречен при обид илегално да влезе во Република Северна Македонија од Косово.

При преглед во возилото „џип командер“ со кумановски регистарски ознаки, во кое се превезувало и малолетно лице, била пронајдена поголема количина трговска стока за која Ј.С. не поседувал никаква документација.

По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски