Приведен кумановец, затекнат при обид за кражба

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен ноќва откако бил затекнат при кражба од куќа во Куманово.

Loading...

– Денеска (09.03.2023) во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(32) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово.

Е.И. бил приведен во полициска станица, велат од МВР, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски