Приведен кумановец за издржување на затворска казна од 12 години

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец баран за издржување затворска казна од 12 години бил приведен попладнево.

Loading...

– Денеска во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово, по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Р.Р.(44) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој се барал за издржување на затворска казна во времетраење од 12 години.

Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Leave a Reply