Приведен кумановец при обид за шверц на дрва во Липково

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен во липковско при обид да превезе огревно дрво без документација.

Loading...

– На 22.04.2024 во 13.45 часот на патот од с.Слупчане кон с.Руница, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце сопреле патничко возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(41) од Куманово, и при извршен преглед во возилото констатирано било дека истиот врши превоз на огревно дрво–бука без соодветна документација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој заедно со возилото биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Никола Ивановски