Приведен кумановец поради кражба од продажен објект

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен куманвоец бил приведен под сомнение дека со употреба на сила ограбил продажен објект во Куманово.

Loading...

– На 11.10.2023 во 16.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.И.(35) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полициајта, тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект во Куманово и одзел повеќе предмети.

Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски