Приведен кумановец поради кражба на паричник

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец вчера бил приведен откако претходно на дрзок начин ограбил повозрасен сограѓанин.

Loading...

– На 25.02.2021 во 03.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С. (28) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека на 24.02.2021 на дрзок начин на Р.О.(66) му го одзел паричникот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат оттаму, тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *