Приведен кумановец поради извршени две кражби

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека извршил две кражби во кумановско.

Loading...

– На 23.11.2022 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.

Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)