Приведен кумановец откако при истовар му биле пронајдени мигранти во возилото

Сподели со своите пријатели

Педесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен од полицијата во Виница, откако при истовар во неговото возило биле откриени двајца мигранти од Сирија.

Loading...

– На 23.11.2021 во 16.00 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Џ.С.(51) од с.Романовце, кумановско. При истовар на товарно возило и полуприколка со кумановски регистарски ознаки во фабрика во Виница биле пронајдени две лица мигранти, А.Ј.(23) и М.Н.(26), двајцата од Сирија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, а мигрантите биле пренесени во Прифатнуиот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски