Приведен кумановец осуден на осумгодишна затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец осуден на осумгодишна затворска казна бил приведен вчера за доиздржување на казната.

Loading...

– На 09.08.2022 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.С.(34) од Куманово. Тој бил осуден на 8 години затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 5 години казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Низа спортски настани во Куманово по повод „11 Октомври“

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Прилеп, за доиздржување на казната.

Никола Ивановски