Педесетгодишен возач од Куманово бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека управува возило под дејство на алкохол.
– На 13.09.2025 во 23:17 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Д.(50) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници на улица „Народна револуција” во Куманово запреле патничко возило „пежо“, управувано од Н.Д. и по извршено алкотестирање констатирано едека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,11 промили алкохол во крвта.
– Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.
Никола Ивановски