Приведен кумановец кој возел со 1,59 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако полицијата констатирала дека возел под дејство на алкохол.

– На 21.02.2026 во 23:15 часот, на булевар “Трета македонска ударна бригада”  во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.С.(44)  од  Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“, со бугарски национални ознаки кое го управувал И.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово немаше сили за изненадување против МЗТ (ГАЛЕРИЈА

– По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски