Приведен кумановец кој се заканувал со остар предмет на сограѓанин

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишник од Куманово бил приведен под сомнение дека со остар предмет се заканувал на свој сограѓанин.

– На 28.09.2025 во 14:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Н.(32) од Куманово затоа што на улица „Страшко Симонов“ во Куманово со остар предмет му се заканувал на Г.Р.(44) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре крводарителска акција во Црвен крст Куманово