Приведен кумановец кој избегал од затвор

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец кој бил пријавен како избеган од затворот во Куманово рано утринава бил приведен.

Loading...

– На 30.08.2022 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(36) од Куманово, кој претходно бил пријавен дека побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Кшање, каде издржувал затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По приведувањето, лицето било вратено во установата за доиздржување на затворската казна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителка на Жегљане претепана од соседот

Никола Ивановски