Приведен кумановец кој избегал од затвор, бил осуден на скоро 11 години

Сподели со своите пријатели

Кумановец осуден на скоро 11 години затворска казна, кој бил баран со потерница поради бегство, вчера бил приведен.

Loading...

– На 04.06.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гласаат болните и немоќните лица во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

– Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната, велат од МВР.

Никола Ивановски