Приведен кумановец кој избегал од затвор

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец баран поради бегство од затвор бил приведен ноќва, половина час по полноќ.

Loading...

– Денеска (23.01.2023) во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.М.(25) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, лицето било барано поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор К’шање, каде издржувал затворска казна.

– Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово го пречекува ФК Фортуна: Дојдете масовно и навивајте коректно!