Приведен кумановец кој го нападнал својот син

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички го нападнал својот син.

Loading...

– На 06.05.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т.(50) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, Д.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски