Приведен кумановец, го претепал својот 20-годишен син

Сподели со своите пријатели

Четириесет и двегодишник од Куманово бил приведен вчеравечер по пријава дека физички го нападнал својот син.

– На 15.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(42) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот 20 годишен син, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во Кочани