Приведен кумановец. Го нападнал татко на својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички напандла и се заканувал на татко на неговата сопруга.

– На 24.09.2025 во 10:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Л.(56) од Куманово затоа што физички го нападнал и со остар предмет се заканувал на Б.Б.(76), татко на неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девизи, алкохол, облека запленети на ГП Табановце (ФОТО)