Приведен кумановец баран со потерница поради насилство

Сподели со своите пријатели

Четириесет и едногодишен кумановец, баран со потерница за издржување затворска казна, бил приведен вчера попалдне.

Loading...

– На 19.03.2023 во 18.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.С.(41) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

– Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната, додаваат од МВР.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“