Приведен криумчар на мигранти во кумановско

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен велешанец вчера бил приведен во кумановско откако во неговото возило биле откриени девет мигранти од Индија.

Loading...

– На 08.08.2022 околу 22.20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од полициски службеници од СВР-Куманово бил лишен од слобода М.З.(31) од Велес, затоа што во патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени девет мигранти од Индија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведено лице избегало при спроведување кон Затвор Куманово