Приведен криумчар на мигранти во кумановско, пронајдени 13 лица од Пакистан

Сподели со своите пријатели

Криумчар на мигранти вчера бил приведен во Куманово, а во неговото возило полицијата открила 13 лица од Пакистан.

Loading...

– Вчера (15.06.2021) околу 15 часот полициски службеници од Полициската станица за   граничен надзор Сопот при Регионален центар за Гранични работи Север, во близина на село Костурник на автопатот Куманово – Табановце во товарно моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К (34) од Рашче,скопско пронашле 13 лица – мигранти од Пакистан, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваа од полицијата, А. К. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply