Приведен крадец од автомобили во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен утринава откако првин украл предмети од едно возило, а потоа се обидел и од друго.

Loading...

– На 07.09.2022 околу 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.З.(29) од Куманово. Околу 10.15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски