Приведен дилер, пронајдена дрога во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец вчера бил приведен откако полицијата му пронашла повеќе видови наркотици и ваги во неговиот дом.

Loading...

– На 12.09.2022 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за недозволена  трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода И.М.(46) од Куманово. При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени, хероин, марихуана и две дигитални ваги, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Никола Ивановски