Приведен дилер од Куманово, кој крадел и струја

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец бил приведен откако полицијата дома му пронашла дрога, а ЕВН го сомничи и дека крадел струја.

Loading...

– На 11.05.2025 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(43) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, дигитална вага и пари, додека екипа од ЕВН констатирала дека постои кражба на струја.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој крадел од црква

Никола Ивановски