Приведен 56-годишен кумановец поради кражба

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера осомничен дека извршил кражба од деловен објект во Куманово.

Loading...

– На  27.03.2023 година  во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С. (56) од Куманово, информираат од кумновската полиција.

Како што објаснуваат од Секторот за внатрешни работи, тој се сомничи дека на 22.02.2023 во деловен објект на улицата „Биљановска“ Куманово влегол и одзел повеќе предмети.

А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред училиште во Куманово